Обвинителството ќе го испитува двојното гласање со Фатиме Сулејмани

Од:

Основно јавно обвинителство – Гостивар оформи предмет за изнесените наводи на вчерашната седница на ДИК за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој предходно гласал во нејзино име.

Како што велат од ОЈО надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас.

Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола.​

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија