Обвинителството ја прекина соработката со Антикорупциска, преставките од нив ниту ќе се итни, ниту ќе има координација

Од:

Јавното обвинителство и официјално преку соопштение денес информира дека ја прекинува соработката со Антикорупциската комисија.

„ Поради еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум за соработка, а особено прекршување на членовите 2, 3 и 6, Јавното обвинителство ги замрзнува сите активности предвидени и кои произлегуваат од тој меморандум.“ се вели во соопштението од Обвинителство.

Согласно овој меморандум двете институции требаше да се координираат, соработуваат,  преставките од антикорупциска да се третираат со приоритет и слично, а се со цел ефективно и брзо справување со корупцијата во земјава.

Со прекинување на соработката се усложнува овој процес. Обвинителство ќе постапува согласно законот, велат од таму за А1он, но нема да се превземаат активности кои произлегуваа од меморандумот за поефикасна соработка.

Тоа значи дека преставките од Антикорупциска ќе се третираат како и сите останати преставки поднесени од граѓани.

Од антикорупциска пак велат дека и до сега таа кординација и итност не функционирала беспрекорно. Односно според информациите на А1он само годинава од ДКСК до обвинителство се поднесени над 20 пријави. Ниту една не е процесуирана до крај и ниту една не завршила на суд. Неколку се одбиени (станува збор за 4,5 пријави) а сите останати се се уште во обвинителството и во тек е нивно разгледување и процесуирање.

Во последниот случај со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и пријавите против него за корупција, се дозна дека ниту една од десетина пријави не завршила на суд, а дел од нив и со години се чувале во фиока односно постапувањето по нив одело споро.

Обвинителството и официјално оформи комисија која ја чешла работата на обвинителите, за да се види дали некој не постапувал согласно законот и роковите и зошто овие пријави се уште не се процесуирани.

Причина за прекинувањето на соработката сега, според обвинителството е непотребната, како што велат иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“.

„Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува. Во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука . Доколку крајната цел не е обид да се влијае на исходот од постапката, неразбирливо и крајно неодговорно е Комисијата да поднесува иницијатива за кривично гонење во оваа фаза. Апелираме Државната комисија за спречување на корупцијата да се држи до своите законски надлежности и да не нанесува штета на постапките кои се во тек. Јавното обвинителство како единствен орган надлежен за кривичен прогон нема да дозволи и остро ќе се спротивстави на секој обид да се влијае врз постапките. .“ се вели во соопштението од Обвинителство.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата најавија дека во текот на денот ќе се огласат со соопштение, одговор на обвинителството.

Кога секојдневно слушаме за корупциски афери, прекинот на соработката меѓу обвинителството и антикорупциска сериозно загрижува дека ќе ја забави борбата против корупцијата во земјава.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ