Обвинителството бара притвор за гостиварецот осомничен за силување на 14-годишно девојче

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1, како и Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално експлицитна содржина по член 152-а став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него.

Детето-жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде извршил обљуба, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку осум години.

Месецов повторно се обидел да ја уцени за да се сретнат, но девојчето одбило по што тој ги објавил на една социјална мрежа експлицитните фотографии и видеа кои ги поседувал. Со ова ги направил достапни и на други лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело кое беше воведено во февруари годинава и за кое е предвидена затворска казна од три до 10 години.

Имајќи ги предвид високите запретени казни за овие кривични дела, јавниот обвинител оцени дека постои висок ризик осомничниот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Исто така, постои опасност да влијае врз детето-жртва, но и да го повтори делото. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи силуваа 32-годишна познаничка

Горан Наумовски

Ленче Ристоска: Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка

Предраг Петровиќ

Британец фрлал камења кон даночни контолори кај „Камени кукли“, сопруг е на Стојна која се поврзува со спорот околу локалитетот

Катерина Ѓуровски

Обвинителството покренува истрага, АХВ со вонредни контроли по сомнежите дека гостиварци пиеле загадена вода

Катерина Ѓуровски

Сопружници од Скопје го убиле лекарот Ацо Трповски чие тело беше пронајдено пред повеќе од две години

Го користел владиниот авион за приватни потреби, обвинителен предлог за екс директорот на СОЗР Пече Мирчески