Обвинителство за снимките околу „Рекет“: Го анализираме материјалот, па ќе видиме дали ќе повикаме лица да дадат исказ

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето кое ги објавува снимките. Оттаму велат дека преку постапка ќе се утврдува дали во содржината на разговорите има елементи на кривично дело.

„Во моментов се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавува снимките. Со постапката треба да  се утврди дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, кој снимал, како и идентитетот на лицата што разговараат“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Засега никој не е повикан да даде исказ во Обвинителството, велат дека е прерано за тоа.

„Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува“, додаваат оттаму.

Досега до Обвинителството нема пристигнато пријава која се однесува на снимените разговори. Тие велат дека нема да ја коментираат содржината на разговорите, туку работата ќе ја темелат врз докази.

„Обвинителството како и во изминатиот период нема да коментира изјави, туку својата работа ќе продолжи да ја темели врз докази. Во насока на тоа обвинителството веднаш, како и во случајот на објавените документи од предметот „Рекет“, отвори постапка во насока на расветлување на случајот“, известија од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов