Обвинителство за организиран криминал и МВР спроведоа акција против дилери на дрога

Од:

По двомесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден по насоки на предметен обвинител од ОЈО ГОКК и полициски службеници Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција каде се запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, три возила, поголема сума на пари, мобилни телефони и сим картички, соопштија од Јавно обвинителство.

– Од слобода се лишени три лица, додека во текот на денешниот ден е пронајдено и приведено и четвртото осомничено лице. Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четворица осомничени за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик, информираат од Јавно обвинителство.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерката притвор, во текот на денот надлежниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор против сите лица.​

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он