Oбвинителство: Снимките се дел од доказите за „Рекет“, ги добивме од сведок

Од:

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека снимките објавени во еден италијански медиум поврзани со предметот „Рекет“ не се добиени од обвинителството. Оттаму потврдуваат дека станува збор за аудио и видео материјали кои се дел од доказната постапка во предметот и кои до јавното обвинителство биле доставени од сведок во предметот.

„Јавното обвинителство во предметот постапува професионално и неселективно. Притоа се проверуваат сите индиции и сите аспекти. Истражната постапка е во тек и јавниот обвинител презема истражни дејствија за да се обезбедат доказите и да се утврди фактичката состојба според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот. Доколку во текот на истрагата бидат утврдени елементи на други кривични дела или други сторители, постапката ќе биде проширена, а јавноста за тоа веднаш ќе биде известена. По целосно завршување на истрагата ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, соопштија од Обвинителството.

Од Обвинителството тврдат дека годишните одмори не се одразуваат на водењето на истрагатa, бидејќи во периодот кога дел од јавните обвинители користат годишен одмор назначени се обвинители кои ги заменуваат, како и истражители кои секојдневно активно работат на предметот. Функцијата на јавното обвинителство се извршува непречено.

Би можело да ве интересира

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Досега четворица пријавени за Државен јавен обвинител, огласот се затвора на полноќ

Горан Наумовски

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Го скршил стаклото на бугарската амбасада од омраза, Обвинителството бара притвор