Обвинителство поднесе обвинение против лицето кое го нападна лидерот на ЛДП

Од:

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против лицето кое на 25 март на плоштадот „Македонија“ го нападна пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски.

Обвинетиот се сомничи за сторено кривично дело „насилство“ и за него е доставен и предлог за определување на мерка притвор.

– На 25 март годинава, обвинетиот на плоштадот Македонија физички нападна пратеник на Собранието на Република Македонија. Идентитетот на обвинетиот беше утврден по јавување на граѓани откако по налог на Основното јавно обвинителство Скопје беше објавена неговата фотографија од страна на Министерството за внатрешни работи. Ценејќи дека се исполнети законските основи заедно со обвинението до судот е доставен и предлог за определување на мерката притвор за обвинетото лице, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски