Обвинителство: Обезбедени се докази против јавен обвинител кој ја злоупотребил службената положба

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска изврши увид во Вишото јавно обвинителство Скопје и обезбеди докази во постапката за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување и Малтретирање во вршење на службата поведена против јавен обвинител, извести ОЈО.

„Јавниот обвинител и стручни соработници од ОЈО Штип ги документираа податоците внесени во уписниците и начинот на внесување на предметите. Притоа, се вршеше и споредба со исказите на оштетените лица – пријавители за начинот на кој наведуваат дека се интервенирало при распоредување на предметите.

Увидот во документацијата е извршен во целост во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка и за истиот ќе биде изготвен записник со констатации за сите присутни лица, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски