Обвинителство: Да им биде продолжен притворот на осомничените за несреќата кај Ласкарци

Од:

Скопското јавно Обвинителство што ја води истрагата за несреќата кај Ласкарци, побарало од судот да им биде продолжен притворот и куќниот притвор на осомничените, дознава „А1он“. Пред околу 30 дена, притвор им беше определен на шоферот на автобусот со кој што патуваа оштетените патници и на сопственикот на превозникот, „Дурмо турс“.

Станува збор за предлози со кои се бара да им биде продолжен притворот на тројцата осомничени, и куќниот притвор на уште тројца осомничени. За еден седмоосомничениот беа побарани и определни мерки за претпазливост. За предлозите на Обвинителството треба да одлучи Кривичниот суд.

Според сознанијата на „А1он“, во скопското Обвинителство и натаму се сослушуваат сведоци во истрагата.

Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари годинава кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 16 лица, а 39 беа повредени.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски