А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинителство: Четворица вработени во УБК проневериле 824 илјади евра

by А1он13/08/2019 - 14:481108
Share0

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против четворица вработени во УБК. На тројцата обвинети им се става на товар дека со извршените дејствија сториле кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување, а четвртото лице е обвинето за помагање во извршувањето на истото кривично дело.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Обвинетите, како службени лица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, во временскиот период од 25.01.2007 година до 30.05.2017 година, постапиле спротивно на чл.7 ст.1 и чл.12 од „Упатството за користење на средства за посебна намена на УБК“. Во наведениот временски период, во вкупно 172 наврати за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од Одделот за финансии при Министерството за внатрешни работи, подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале. Притоа, без да имаат посебно одобрение од Директорот на Управата, без да биде формирана Комисија за ништење на материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата – „Главните книги за евиденција““, велат од Обвинителството.

Обвинетите предизвикале штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 50.670.000 денари, а поради постоење на основано сомневање дека доколку обвинетите се пуштат да се бранат од слобода може да се дадат во бегство, надлежниот обвинител побарал мерката притвор определена од судија на претходна постапка да се продолжи против тројца обвинети.

obvinitelstvoubk

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Горан Наумовски14/05/2026 - 16:20

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Горан Наумовски13/05/2026 - 14:19

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски06/05/2026 - 19:0706/05/2026 - 19:32

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски28/04/2026 - 19:5428/04/2026 - 20:24

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он25/04/2026 - 11:11

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 19:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто