Обвинителство бара притвор за седум полициски службеници од Штип и Кочани осомничени за тешки дела против општата сигурност

Од:

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници.

Според дејствијата опишани во наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност.

Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16.03.2025 година во објектот настанал пожар во кој починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети условите јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за сите седум лица.

Би можело да ве интересира

Притвор за четворица турски државјани кои нападнаа доставувач во Скопје

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он

Случајот против 13 полицајци од Кочани продолжува: Одбиено е барањето за изземање на судијка поротничка

Притворен е 58 годишен скопјанец – обљуби 13 годишно девојче

А1он