Обвинителот Бубевски заразен со коронавирус, Фетаи во самоизолација

Од:

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство во Центар“ и „Монструм“ е заразен со коронавирус. Тој на судењата е придружуван од обвинителката Фатиме Фетаи, која наредните денови ќе остане во самоизолација по насока од епидемиолозите поради контакт со него. Судот пак, го одложи утрешното рочиште за убиството кај Смилковското Езеро.

„Предметот во јавноста познат како „Монструм“, заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 06.07.2020 година се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26.08.2020 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката“, информираше Кривичниот суд-Скопје.

Последно рочиште за случајот „Монструм“ имаше минатата недела, а предметот се води кај судијата Огнен Ставрев. „А1он“ се обиде да исконтатира со Бубевски, но тој не одговори на телефонските повици.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска