ВИДЕО: Обвинителот бара строги казни за сите во „Ликвидација“

Од:

Обвинителството во случајот „Ликвидација“ побара строги казни за сите обвинети образложувајќи ја тежината на делото за кое сите се товарат – но не соопшти колку години затвор бара обвинителот во денешните завршни зборови во Основниот суд 1.

Обвинителството прибави докази со посебни истражни мерки-телефонски разговори, видео материјали и транскрипти.

Адвокатите на обвинетите доказите од посебните истражни мерки ги оквалификуваа како несоновани но и противзаконски. Посочија дека во недостаток на конкретни докази обвинителството цитира транскрипти од следењето на обвинетите.

Коста Нојков, адвокат на судијата Иле Танев, посочи дека нормлно е обвинителството да бара строги казни, но ниеден презентиран доказ против неговиот клиент не го докажува обвинението, па затоа бараат ослободителна пресуда. Според него судијата Танев се товари дека барал мито од 2.000 евра, како претседател на Кривичниот совет во Велес за да се укине мерка притвор. Посочи дека ниту притворот е укинат, а ниту неговиот клиент земал пари преку посредникот Себедин Буши, исто обвинет во „Ликвидација“.

„Спорно е времетраењето на посебните истражни мерки, кој треба да се применуваат четири плус три месеци, и мислам дека овој рок е пробиен“, изјави Коста Нојков адокат на судијата Иле Танев.

Меѓу обвинетите е и новинарот на „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски, на кој по петти пат му е продолжен притворот. Неговата одбрана во забразниот судки процес бараше обвинението против него за откривање на идентитет на заштитен сведок да се отфрли.

Кежаровски во својот исказ пред судот пред речиси два месеца побара да биде ослободен, а мерката притвор да биде укината зашто била крвничка.

„Си ја вршев совесно мојата новинарска работа.Не ми беше целта да загрозам нечиј живот, сакав само вистината да излезе на виделина. Документите за заштитениот случај ги добив анонимно, во една скопска трафика“, изјави Томислав Кежаровски.

Укинување на притворот за Кежаровски побараа Здружението на новинари до земјава како и новинарски здруженија од регионот и Европа. Сите бараа новинарот да се брани од слобода, или да ну се замнени мерката со домашен притовор.

Ова преку писмо до Премиерот Никола Груевски го побара и преставничката на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ. Во писмото стоеше дека е недозволиво новинар да е во притвор за напишан текст. Експресно одговори претседателот на Владта со образложение дека извршната нема ингеренции над судската власт и дека како Премиер не се меша во работата на судските органи.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Ландов

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ВИДЕО: Поради операција на поротничката, одложено повтореното судење на „Ликвидација“

Васко Маглешов

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Јоанидис: Верувам дека ќе има ослободителни пресуди во „Ликвидација“

Емир Латифовиќ