Обвинителката била известена дека недостасува пиштол кај Боре Видески еден од обвинетите за смртта на Вања и Панче

Од:

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска со испитување на сведокот Стојан Кујунџиевски на предлог на обвинетиот Љупчо Палевски, продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кујунџиески рече дека при претресот кај сопругата на Боре Видески пронајдени се ловечка пушка и куршуми за пиштол, но не и пиштолот.

Сведокот сведочеше дека заедно со колегите од СВР Велес вршеле потрага по исчезнатиот Жежовски и дека по добивање на првичните сознанија била извршена потрага на теренот во Велес со цел лоцирање на лицето. Беа прегледани видео записи од влезовите и излезите на Велес.

Посочи дека констатираше две лица во возило „рено кангу“ и едно лице во „цитроен“, но не даде одговор на прашањето како биле облечени, бидејќи, како што рече, камерите ги гледал многу одамна.

При испрашување за одземените предмети од претресот кај Јасминка Видевска, сопруга на Видевски, тој потврди дека се пронајдени ловечка пушка, патрони и куршуми девет милиметри за пиштол.

– Предметите се предмет на управна постапка за одземање на оружје и истите се предадени во магацин на СВР Велес на чување, рече тој, додавајќи дека документите за одземените предмети биле ставени на увид на СВР Скопје.

При претресот кај Видевски, како што рече, не бил лично присутен и не може да каже што се случувало таму.

– Дополнително, јас немав никаков контакт со Боре Видевски, за да го прашам каде е пиштолот, рече тој.

Прашан зошто не ја известил обвинителката Славица Темелковски за недостасувањето на оружјето, Кујунџиевски рече дека обвинителката била известена усно дека недостасува пиштол.

Судењето продолжи со читање на материјални докази од страна на одбраната на Палевски.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Би можело да ве интересира

Одбраната на Палчо тврди: Палевски не бил на местото на убиството, туку бил во банка

Сведок од „Десна“ вели дека зборувал со Палевски во моментите кога е грабната Вања, ама пораките се избришани

Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Велибор Манев излегол од дворот и се упатил пеш во правец кон Велес каде се наоѓала куќата на Панче

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Палевски за изземање на обвинителите, се гледаат снимки од камерите на куќата на обвинетиот Манев

Ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче

Катерина Ѓуровски