Обвинителен предлог за лицето што го симна знамето на Република Македонија во Куманово

Од:

Основното јавно обвинителство – Куманово до Основниот суд – Куманово поднесе Обвинителен предлог против Л.К. за сторени кривични дела – Напад на службено лице при вршење на јавна безбедност од чл.383 ст.2 вв со ст.1 и Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост од чл.319 ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, на 31 минатиот месец на улицата „Гоце Делчев” во центарот на Куманово, околу 16:00 часот, обвинетиот заедно со неколку непознати лица и малолетниот Л.С. го симнале и го оштетиле знамето на Република Македонија и на јарболот закачиле знаме на Република Албанија.

При обид да бидат спречени во намерата од страна на службени лица од Министерството за внатрешни работи, обвинетиот нападнал еден од полицајците и му нанел телесна повреда – набиеница на главата и десната шака. Настанот предизвика чувство на раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност кај јавноста.

Со оглед на тоа што станува збор за кривично дело од јавниот ред и постојат околности што го оправдуваат стравот дека доколку обвинетиот се брани од слобода ќе го повтори кривичното дело, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово со обвинителниот предлог достави и посебен предлог за продолжување на определените мерки – куќен притвор и мерки на претпазливост.

Малолетниот Л.С денеска е сослушан пред судија за малолетници при Основниот суд во Куманово и за него ќе продолжи постапката со изведување на докази, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство – Куманово.​

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ