Обвинителен акт за тероризам против тројца од Куманово

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведената истражна постапка, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против три лица од Куманово, на кои им се ставаат на товар кривичните дела „терористичка организација“ и „тероризам“, според член 394-а, односно 394-б од Кривичниот законик.

Како што информира Јавното обвинителство, на обвинетиот Б.А (28) му се става на товар дека ги сторил кривичните дела „терористичка организација“ од член 394-а став 1 и „тероризам“ од член 394-б став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека обвинетите В.А. (22) и Е.Љ. (26) со дејствијата опишани во обвинението сториле кривично дело „терористичка организација“ од член 394-а став 2 и кривично дело „тероризам “од член 394-б став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според соопшението на ЈО, на почетокот на 2019 година, обвинетиот Б.А., создал злосторничка организација – терористичка организација „ќелија“, со основи на идеолошка матрица на познатата терористичка организација Исламска држава. Прифаќајќи го криминалниот план на злосторничката организација, некзини припадници станале обвинетите В.А.и Е.Љ., како и уште осум осомничени лица за кои се спроведува истражна постапка од 28.12.2020 година.

– Во терористичката група постоела координација и заедничко делување, со намера загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните. Секој член имал конкретни задачи и тоа: обвинетиот А.Б. како организатор обезбедувал финансиски средства за остварување на целите на злосторничката организација, го договарал и организирал набавувањето – купувањето на оружјето, муниција и воената опрема, организирал вежбовни активности поврзани со употреба на огнено оружје и експлозивни направи, организирал средби на кои се прикажувале видеа со радикална содржина, како и начинот на изработка на експлозивни направи. Обвинетите В.А.и Е.Љ. како припадници на злосторничка организација – терористичка група „ќелија“ добивале конкретни задачи од обвинетиот А.Б., обезбедувале логистичка поддршка и имале задача да обезбедат простории односно објект, во кој ќе го држат оружјето, муницијата и воената опрема. Воедно изработувале импровизирани експлозивни направи, обезбедиле патничко моторно возило со кое ќе се пренесува оружјето и учествувале во неговото пренесување и прикривање, а собирале и информации за движење и вршеле опсервирање на објекти и локации, иформира ЈО.

Обвинетите, како што стои во соопштението, дејствувајќи по однапред направениот план, со намера да извршат едно или повеќе дела на убиство, телесно повредување, уништување на јавни објекти, објекти на инфраструктура и објекти во општа употреба на територија на Република Северна Македонија, од почетокот на 2019 година, се подготвувале, купиле, пренесувале и држеле експлозив, огнено оружје, муниција, гранати, бомби и воената опрема.

– Притоа изработувале импровизирани експлозивни направи и во два наврати од крајот на месец април до средината на месец август 2020 година со намера да го испробаат разорното дејство на изработените експлозивни направи, ги употребиле во напуштениот објект на поранешниот Хотел „Ку-ба“ во близина на село Проевце, Куманово. Како дел од обуката за користење на ракетен фрлач – зоља и другото автоматско оружје, обвинетите од засега непознато лице набавиле ракетен фрлач – зоља и вршеле пробно испалување, како и пукање со автоматска пушка во близина на местото викано Менкова Колиба во близина на Куманово, се додава во соопштението.

Имајќи ги предвид околностите што постоеле во моментот на определувањето на мерката притвор, како и специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело и оправданиот страв дека обвинетите ќе ги повторат кривичните дела, односно ќе бидат во можност да извршат кривични дела: убиство, телесно повредување, изведување на терористички акти на цивилни или така наречени меки цели, како и изведување на напади на јавни објекти, објекти на инфраструктура и објекти во општа употреба на територија на Република Северна Македонија, Обвинителството со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор определена од судијата на претходна постапка.​

Би можело да ве интересира

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ

ОЈО бара притвор за извршителка од Кичево, осомничена е за три кривични дела

Горан Наумовски