Обвинетите за обидот за убиство на Зијадин Села на 26 јануари седнуваат на обвинителна клупа

Од:

На 26 јануари почнува судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села од крвавиот четврток, дознава „Макфакс“.

На обвинителна клупа ќе седнат обвинетите: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, како и Кире Ѓоргиевски и неговиот татко.

Во мај 2017 за нападот на Села први беа уапсени Кире Ѓоргиевски и неговиот татко за кои Обвинителството тврди дека во салата 3, каде се одржувала прес-конференција, двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот Зијадин Села.

Пратеникот беше тешко повреден и заврши во болница во критична состојба. Дел од тогашните осомничени МВР ги бараше преку јавно објавени фотографии. Судот по третпат им го продолжи притворот. Предметот ќе го суди судијката Славица Андреевска.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Села: Алијанса за Албанците припаѓа на основачите, се враќа нa корените

А1он

Судот го запиша Зијадин Села дека е претседател на Алијанса на Албанците

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“