Обвинетите за Дива населба тврдат дека не се виновни

Од:

На денешното рочиште за судскиот процес за Дива населба, Руфки Догани кој е меѓу 29-те обвинети за делата „тероризам“ и „терористичко организирање“ изјави дека водачите на вооружената група која се судри со полицијата во кумановската „Дива населба“, Мирсад Н’дрецај и Бег Ризај и уште двајца од членовите, биле убиени откако се предале во полициска станица.

Обвинетиот Насуф Зекири во воведниот збор пред судот побара овој случај да се расветли од страна на Европејците и Американците.

– Ние не дојдовме во Куманово да војуваме, рече Зекири и додаде дека Ризај и Н’дрецај им рекле дека во Куманово ќе бидат фигури и ако дојде полицијата нема да ги нападнат, туку само ќе пукаат во воздух.

Според него, обвинетите се употребени за политички цели. – Вие ќе не осудите, но нема да ја признаеме вината. Не сме ни први ни последни што се во политички монтирани процеси. Сите сме употребени за политички цели и никогаш нема да признаеме, вели Зекири.

На денешното судско рочиште адвокатите на обвинетите, за логистичката поддршка на групата тврдеа дека нивните клиенти не се поврзани со групата и оти не им обезбедувале сместување на членовите на групата.

Адвокатите на речиси сите обвинети кои даваа исказ на денешното рочиште посочија дека судирот во Куманово немал никакви елементи на тероризам.

Одбраната пред два дена, на почетокот на судскиот процес побара овој случај да го преземе Специјалното јавно обвинителство.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Хероите вечно живеат, ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Ана Ололовска

Алтернатива тврди дека мнозинството зависело од ветувањето на Ковачевски за меѓународна истрага за „Монструм“ и „Диво Насеље“

Орце Костов

Шести ден штрајк на осудените за Диво Насеље, бараат подобри услови

Кристијан Ландов

Откриена спомен биста во Брвеница на загинатиот припадник на единицата „Тигар”, Жарко Кузмановски

Смртни закани за новинарот кој ги нарече криминалци членовите на „Кумановската група“, уапсени две лица

Катерина Ѓуровски