Обвинетите од „Детонатор“ ќе се соочат со кочанецот кого се обиделе да го убијат

Од:

Обвинетите во случајот „Детонатор“ денеска ќе се соочат со Драган Стоименов од Кочани, кого, според обвинението, се обиделе да го убијат три пати.

Дел од обвинетите се товарат дека двапати му подметнале експлозивна направа под автомобил, а една дека му впериле пиштол во глава.

Стоименов денеска треба да се појави на судското рочиште и да сведочи што точно му се случило. Сите обвинети кои се товарат за обидот за убиство врз Стоименов, пред судот тврдеа дека немаат врска со него, а првообвинетиот Игор Горански тврдеше дека токму Стоименов го нападнал во неговата дискотека во Виница, а некои дури тврдеа дека со Стоименов биле пријатели.

Во судскиот процес „Детонатор“ им се суди на вкупно 16 лица од Виница, Кочани и Штип, двајца од обвинетите се во бегство.

Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама.

Би можело да ве интересира

Екстрадиран Железарски осуден во „Детонатор“ кој и порача на судијката дека ќе ја исече на парчиња

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затвореници се изживуваат со ексначалникот на кочанската полиција осуден во „Детонатор“

Ана Ололовска

Семејствата на обвинетите во „Детонатор“ со демант до МВР

Ана Ололовска

Скопска Апелација го врати предметот „Детонатор“ на првостепениот суд

Ана Ололовска

Пресуди за обвинетите во „Детонатор“

Ана Ололовска

„Детонатор“ се враќа назад во доказна постапка

Ана Ололовска