ВИДЕО: Психијатар ќе проценува дали обвинетиот во „Триста“ може да ги следи судењата

Од:

Поранешниот помошник министер на МВР Ѓоко Поповски за кој обвинителката Фатиме Фетаи рече дека ќе го гони до смрт, се појави во судница.

Поповски е обвинет од страна на СЈО дека извршил набавка на 300 возила за МВР во период од 2008 до 2012 година при што не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот за 453 570 евра.

Неговата одбрана побара одложување на судењето за случајот „Триста“ бидејќи обвинетиот се лекувал од депресија и бил под наркотици поради што, за адвокатите не бил во состојба да следи и присуствува на судењето.

Адвокатот рече дека Поповски се појавил само затоа што бил под притисок на СЈО и медиумите.

За наредната главна расправа Судот го повика лекарот кој го издал боледувањето за Поповски да даде појаснување за здравствената состојба, а дополнително на барање на обвинителството ќе биде повикан и вештак-психијатар да процени дали Поповски може да ги следи судењата.

Би можело да ве интересира

Нови 9 години затвор за Ѓоко Поповски за набавката на полициски возила

Васко Маглешов

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Монструм“ и повторената постапка за „Триста“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и „Триста“ на СЈО

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Триста“, „Тврдина 2“ и „Топлик“ на СЈО

Ана Ололовска