Обвинетата за убиството на Тот: Не сакав да се случи тоа што се случи

Од:

Второобвинетата за убиството на ракометарот Денис Тот, Клеменетина Лефковска на денешното судење рече дека не сакала да се случи убиство и изрази сочувство на семејството. Нејзиниот исказ пред судот денес беше кус.

„Сакам само да изразам сочувство на фамилијата. Никој од нас не сакал, а најмалку јас, да се случи тоа што се случи и што ми се става на товар“, рече КЛефковска.

Сочувство до семејството изразија и Анџело Ѓорѓиевски и Андреј Костовски. Нагласија дека немале умисла да го убијат Денис Тот.

Денес во судницата беше присутен и таткото на убиениот ракометар Игор Тот, кој најави отштетно побарување и изрази надеж дека низ постапката ќе се утврди дали обвинетите се виновни и доколку се виновни ќе добијат казни.

Одбраната, пак, најави дека ќе бара смена на правната квалификација на делото. Ќе бараат на обвинетите да им се суди за тепачка со смртни последици место за убиство оти недостасува умисла за делото да биде убиство.

Денис Тот беше убиен во април годинава пред скопска дискотека. Во јавноста се рашири видео од тепачката пред дискотеката на кое се гледа како обвинетите го удираат Тот, тој паѓа на асфалтот и останува без значи на живот.

Од април годинава за неговото убиство во притвор се 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски, 19-годишната Клементина Лефковска и 22-годишниот Андреј Костовски.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот

Горан Наумовски

Апелација ги потврди затворските казни за убијците на ракометарот Денис Тот

Миланов: Правната квалификација „убиство“ е спорна за сите обвинети во случајот Денис Тот

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот од Апелација бара повторно судење

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Казната е во рамки на законски предвидената казна

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Казните се драконски, ова е неправда“, реакции на адвокатите чии обвинети добија вкупно 52 години затвор

Кристијан Ландов