Обвинение за убиството на Денис Тот: Од ударите паднал во кома, а потоа починал

Од:

Првоосомничениот за убиството на Тот, Анџело Ѓорѓиевски од Волково, второосомничената Клементина Лефковска од Драчево и третоосомничениот Андреј Костовски се гонат за убиството на ракометарот Денис Тот. Обвинителството поднесе обвининие до Кривичниот суд, по затворање на истражната постапка.

dobivaj vesti na viber

„Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, велат од Обвинителството.

Побарано е продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети.

„Се уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата“, велат од Обвинителството.

„А1он“ објави и детали што се случувало кобната вечер и зошто е убиен Тот. Од дружба и пиење во диското, до смртоносни боксови и клоци. Ракометарот Денис Тот од дискотеката излегол во друштво со осомничните за неговото убиство по три часа забава. Тие имале резервација, пиеле виски и Ред бул, немало расправии ниту индиција дека нешто ќе се случи. Внатре влегле околу триесет минути по полноќ, а излегуваат околу 3 часот и 30 минути по полноќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обвинетите за убиството на Тот имале чувство за вина, а сега не се чувствувале виновни

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Адвокатите на Клементина: Ударите од неа не придонеле за смртта на ракометарот Тот

Кристијан Ландов

Тот можел да преживее, падот од ударот му пресудил

Кристијан Ландов

Обвинетата за убиството на Тот: Не сакав да се случи тоа што се случи

Маја Илиевска-Пачемска

Девојката која повикала Итна помош за Тот: Видов како Клементина шутира во нешто, не можев ни да претпоставам дека мава во човек

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Место за убиство да им се суди за тепачка со смртни последици, бара одбраната на обвинетите за убиството на ракометарот Тот

Маја Илиевска-Пачемска