Обвинение за убиство за 60-годишник од Богданци

Од:

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе обвинителен акт против лице на 60-годишна возраст од Богданци за кривично дело „Убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Обвинителството со поднесување на обвинението во Основниот суд Велес достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор на обвинетото лице, бидејќи се уште постојат основите поради кои е определен.

– Обвинетиот на 11 октомври лани околу 20.30 часот, под дејство на алкохол од 2,97 прoмили во крвта, во дворот од својата куќа во Богданци со умисла се обидел да го лиши од живот оштетениот со кој заедно дента консумиралe алкохол. Обвинетиот го удрил оштетениот со тупаница во задниот дел на главата, па откако го турнал на земја, подигнал дрвен стол и неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата. Од ударите му нанесол тешка телесна повреда со конкретна опасност по животот, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес