Обвинение за скопјанец кај кој беа пронајдени метадон и ампули диазепам

Од:

Обвинителен акт против едно лице на возраст од 47 години поднесе Основното јавно обвинителство Скопје, информираат од скопското обвинителство. Лицето како што се наведува во соопштението на ОЈО Скопје, е обвинето за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– На 25 март, при извршен претрес во домот на обвинетиот на улицата „Ордан Чопела“ во Гази Баба, било утврдено дека тој неовластено заради продажба држел 97 шишенца синтетички опијат – метадон со вкупен волумен од 970 мл, како и 980 фабрички ампули психотропна супстанција – инјекционен раствор на диазепам со вкупен волумен од 1.960 мл, соопштија од обвинилтелство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што постои опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски