Обвинение за предизвикувач на тешка сообраќајка во Гостивар

Од:

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднел Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, известува Обвинителството.

– Имено, 39-годишниот гостиварец, на 13.04.2021 година, управувал автомобил БМВ на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар. Кога се приближил кон раскрсницата со улицата „Гаве Лазарески“, започнал да се движи со возилото наназад, без да се увери дали со таквото дејствие ги попречува или загрозува останатите учесници во сообраќајот, соопштува Обвинителството.

Со задниот дел од автомобилот осомничениот удрил во пешак кој ја минувал улицата. Пешакот при ударот се здобил со тешки телесни повреди – нагмечувања на мозокот и на 26.04.2021 година починал, се додава во соопштението.​​

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он