Обвинение за обљуба врз немоќно лице

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителот до Основниот суд Струмица достави и предлог за продолжување на определената мерката притвор, ценејќи дека се исполнети законските основи.

Обвинетиот на возраст од триесет и две години го искористил претходното познанство со жртвата, па на 11 декември во домот на жртвата во струмичко, го извршил делото напаѓајќи ја оштетената-лице со пречки во развојот и вршејќи обљуба. Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот беше веднаш лишен од слобода, а Основното јавно обвинителство Струмица веднаш презеде дејствија за расчистување на настанот.​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

15-годишник силувал тинејџерка

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти