Обвинение за мајката и таткото на три деца кои загинаа во пожар во Велес

Од:

Обвинение против 38-годишна жена и 46-годишен маж поднесе велешкото Јавно обвинителство до Основниот суд во Велес, бидејќи секој од нив сторил кривични дела – запуштање и малтретирање на дете. Во временскиот период во кој децата биле оставени сами, во куќата избувнал пожар во кој сите три деца го загубиле животот.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетата како родител – мајка на децата на возраст од четири години, две години и една година, а обвинетиот како родител – татко на детето на возраст од една година не го заштитиле животот и здравјето на децата што е нивна должност согласно одредбите од членовите 44 и 46 од Законот за семејство.

Воедно, обвинетиот како очув на другите две деца исто така бил должен да се грижи за нив со оглед на фактот дека живееле заедно и имал заштитничка позиција спрема нив, но не го заштитил нивниот живот и здравје.

Двајцата обвинети на 20 јуни 2018 година грубо ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување и ги запуштиле трите деца така што подолго време од денот ги оставиле децата сами во куќата во која живееле, а која ја сочинувала само една просторија.

Од Јавното обвинителство велат дека се работи за деца кои според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе. Со тоа што ги оставиле сами во куќата обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за нивниот живот и нивното здравје. Во временскиот период во кој децата биле оставени сами, во куќата избувнал пожар во кој сите три деца го загубиле животот.

Би можело да ве интересира

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски