Обвинение за лице кое му се заканувало на Заев на Фејсбук

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое на Фејсбук му се зканувало на доскорашниот премиер Зоран Заев.

Обвинетиот кој се товари за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста, во објавените коментари повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност.

Во периодот од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело.

– Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години, се појаснува во соопштението од ЈО.

Би можело да ве интересира

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

Кривична за тројца полицајци – дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе