Обвинение за екс директорот на „Шутка“ Андов – пуштал затвореници да одат дома за приватни потреби

Од:

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе Обвинителен предлог против осум лица вработени во КПУ Затвор Скопје. Врз основа на прибраните докази првообвинетиот како директор на установата, Филип Андов и двајца полициски службеници како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од нив еден полициски службеник сторил и кривично дело „Несовесно работење во службата“, за кое дело се обвинети и останатите петмина полициски службеници.

-Осомничените во период од март до јули 2024, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, при вршење на нивните овластувања, при што на петмина осуденици им овозможиле погодности што согласно судските одлуки не им следувале. Тие дозволиле осудените да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби спротивно на постапката за спроведување на лица лишени од слобода вон установа, велат од Обвинителството.

Постапката беше отворена во февруари годинава против десет лица од кои за две лица е донесено Решение за отфрлање поради немање на докази.

Би можело да ве интересира

Се апсат поранешни припадници на затворската полиција, меѓу уапсените е и екс директор на „Шутка“

Горан Наумовски

СДСМ: Десет затвореници избегале од затвор во Шутка, неспобните Пандов и Утковски да бидат разрешени

Катерина Ѓуровски

Затворот „Шутка“ е хотел промаја, затвореници излегувале кога сакале тврди Пандов

Катерина Ѓуровски

Тепачка во затворот „Скопје“: Тројца притвореници истепале цимер

Се истепале затвореници во Шутка, еден завршил во болница

Катерина Ѓуровски

Инцидент во истражниот затвор „Скопје“: Осуденик претепал полицаец