А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинение за дваесет лица во предметот „Чичек“

by А1он15/08/2019 - 13:5415/08/2019 - 13:57508
Share0

По сеопфатна истражна постапка што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја спроведува од февруари годинава против 21 лице, надлежен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 20 лица.

Добивај вести на вибер

Едно осомничено лице е недостапно за органите на прогонот и за него истражната постапката е запрена до негово пронаоѓање. Деветнаесет лица се товарат дека сториле кривично дело – „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по чл. 418-в и кривично дело -“Криумчарење на мигранти“ по чл.418-б од Кривичниот законик, а едно лице е обвинето дека со умисла помогнало на организираната група во вршење на кривичното дело Криумчарење мигранти.Во мај минатата година, тројца од обвинетите создале и организирале криминална група за криумчарење мигранти на која се придружиле и останатите обвинети лица.

Во периодот од мај 2018 година до февруари 2019 година групата организирала криумчарење на илегални мигранти од Авганистан, Пакистан, Ирак и Бангладеш. Организаторите на криминалната група во нашата држава заедно со организатори на криминална група во Р.Грција го договарале бројот на илегалните мигранти што треба да бидат пренесени од Р.Грција на македонска територија, времето и местото на преносот. Тие го определувале бројот и видот на возилата што ќе бидат употребени за прифаќањето и превозот на мигрантите, распоредот односно редоследот на движење на возилaта во двата правци, вршеле поделба на задачите на секој член од групата и го определувале начинот на меѓусебна комуникација.

Мигрантите, најнапред со помош на водичи т.н. “качаци“ како предводници на групата илегално пеш преку т.н. “зелена граница“ биле пренесувани од Р.Грција до договорена локација во околината на Гевгелија, Богданци, Дојран, Струмица и Радовиш. Таму други членови на групата со патнички и товарни моторни возила ги преземале и се упатувале кон кумановско – липковскиот регион. При превезувањето, дел од членовите имале улога на т.н.„чистачи“ и преку „телефонска – конференциска врска“, ги известувале возачите за поставеноста на полициски патроли на рутата по која се движеле возилата и им давале насоки да го сменат правецот на движење кон некоја од претходно извидените попатни локации. Мигрантите биле времено сместувани и засолнувани, во објекти на соработниците на криминалната група во с.Ваксинце и с.Лојане, а потоа преку македонско – српската граница заминувале на територијата на Р.Србија од каде биле криумчарени кон државите на Европската Унија.

Еден од организаторите остварувал контакти и средби со обвинетиот полициски службеник од кој добивал известувања за поставеноста на полициски патроли, контроли или заседи, информации дали криминалната група е предмет на истрага, како и насоки за прикривање на криминалното делување. За помошта полицискиот службеник добивал паричен надомест во износ од 200 евра по возило. За криумчарењето преку македонската територија главните организатори наплаќале од 150 евра до 300 евра по лице – илегален мигрант, кои парични средства понатаму биле распоредувани на членовите на криминалната група во зависност од нивната улога во извршениот транспорт.

Воедно со Обвинителниот акт, надлежниот обвинител достави и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за девет обвинети лица.

cicekmigrantiobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 14:4718/01/2026 - 14:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен