А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинение за 29-годишен скопјанец кој украл возило и нападнал полицајци

by А1он18/10/2019 - 11:43260
Share0

По спроведување на истражната постапка, надлежен јавен обвинител до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 29-годишен скопјанец, кој се товари дека сторило кривични дела – тешка кражба и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
-Обвинетиот 29-годишен скопјанец делата ги сторил на 21 јули, кога забележал две лица, оштетениот и неговата сопруга, како го паркираат нивното возило марка БМВ Х5 наспроти ТЦ „Мавровка“ во Скопје и се оддалечуваат. Во тој момент, обвинетиот со погоден предмет – калауз ја отклучил заклучената врата на возилото и заедно со уште едно засега непознато женско лице го стартувал возилото и започнал да се движи. Кога сторителот со возилото се приближил до првата раскрсница бил забележан од сопственикот на возилото. Оштетените започнале да трчаат по возилото, го престигнале и се обиделе да го сопрат обвинетиот. Но и покрај обидите и вклученото црвено светло на семафорот, тој продолжил да управува со возилото, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Следете a1on на Instagram Instagram

По пријава на кривичниот настан, полицијата веднаш презела мерки за пронаоѓање на возилото. Откако дознале дека обвинетиот заедно со украденото возило се наоѓа во населбата Маџари, двајца полициски службеници со службено возило Шкода Јети и вклучени ротациски светла, се упатиле кон него. Го пресретнале и се обиделе да му го попречат натамошното движење, го сопреле возилото и се обиделе да го извадат обвинетиот надвор. Притоа обвинетиот најпрвин со возилото во движење удрил во полициското возило, за потоа и физички со опасно орудие – боксирач со бодеж да ги нападне двајцата полицајци и да им нанесе телесни повреди. Во акцијата за совладување на сега обвинетиот се придружило и трето службено лице полицаец, по што тој бил приведен со цел обезбедување на натамошниот тек на кривичната постапка.

Надлежниот јавен обвинител заедно со обвинителниот акт до Основниот кривичен суд Скопје доставил посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот, бидејќи ценел дека постои опасност од бегство, дека е можно осомничениот да го повтори кривичното дело, како и дека постои оправдан страв дека ќе ја попречува постапката со влијание врз сведоци.

hronika

Би можело да ве интересира

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски29/07/2026 - 13:35

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски23/07/2026 - 12:4423/07/2026 - 12:48

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Катерина Ѓуровски22/07/2026 - 14:19

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски20/07/2026 - 08:0420/07/2026 - 09:11

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 14:24

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 10:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео