• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Обвинение против осум лица за фалсификување пари и четворица вработени во банка за злоупотреба на службена положба

by А1он25/06/2019 - 11:34609
Share0

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт против осум лица од Кавадарци за фалсификување и пуштање во промет на лажни американски долари и четворица вработени во експозитура во една банка во Кавадарци за злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи откупиле вкупно 696 лажни банкноти во апоени од по 50 американски долари, во вкупен износ од 34.800 американски долари без да извршат рачна и машинска обработка на банкнотите за утврдување на нивната автентичност.

Добивај вести на вибер

Првообвинетиот, како што информираат од ОЈО, во временскиот период од 17 април до 3 мај 2018 година, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, во повеќе наврати со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто кривично дело.

Тој ја искористил деловната соработка и во експозитурата на банката во Кавадарци пуштил во оптек лажни пари – 137 банкноти во апоени од по 50 американски долари. Банкнотите се разликувале од оригиналните според техниката на печатење, видот на хартијата, техниката на печатење на сериските броеви, водениот жиг, заштитниот конец, оптичката варијабилна боја и неимитираната ИП заштита. Овие банкноти тој ги продал во банката со потврда за купување/продавање ефективни странски пари.

Во истиот временски период, искористувајќи ист траен однос тој во повеќе наврати поттикнал уште седуммина обвинети да пуштат во оптек лажни пари во апоени од по 50 американски долари.

Петмина од обвинетите биле негови роднини, еден бил вработен во неговото правно лице, а еден бил лице кое му помага во вршење на помошни работи. Тој им дал вкупно 559 вакви банкноти и ги поттикнал да ги заменат во денари, а потоа добиените средства да ги уплатат на сметка на правните лица кои се во негова сопственост и во сопственост на уште еден од обвинетите.

Обвинетите вработени во банката, од кои двајца шалтерски работници, раководител и заменик раководител на експозитурата во Кавадарци, во наведениот временски период, во повеќе наврати, со неизвршување на својата службена должност, прибавиле значителна имотна корист за обвинетиот.

– Обвинетите шалтерски работници во банката примиле и откупиле вкупно 696 лажни банкноти во апоени од по 50 американски долари, во вкупен износ од 34.800 американски долари. Тоа го направиле без да извршат рачна и машинска обработка на банкнотите за утврдување на нивната автентичност. Раководителот на експозитурата и неговиот заменик не извршиле контрола на почитувањето и спроведувањето на прописите на Народната банка за постапување при размена на девизни средства, со што на штета на банката е исплатен вкупен износ од 1.727.545 денари, се вели во соопштението од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Велес, по темелно спроведена истражна постапка и прибавување на обемен број докази, до Oсновниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице од Кавадарци за „фалсификување пари“ и за „фалсификување пари“ во својство на поттикнувач, против седум други лица за продолжено кривично дело „фалсификување пари“, а против четири лица вработени во експозитура на една банка во Кавадарци за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

За обвинетите на сила се претходно определени мерки на претпазливост – повремено јавување кај определено службено лице во Основен суд Кавадарци и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, а надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот овие мерки да продолжат.

krazba

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски22/12/2025 - 06:5322/12/2025 - 07:00

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски01/12/2025 - 20:2401/12/2025 - 21:12

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен