Општина Центар во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат во насока на спречување на ширење на сите лесно преносливи вируси, вклучително и Корона вирусот, уште на почетокот на сезоната на вируси, започнаа со кампања и едукативни активности за превенција на нивно ширење и распространување.
Почнувајќи од 21-ви декември, во основните училишта се реализираат обуки за наставниот кадар и техничкиот персонал за важноста за правилното миење раце, како и за разните начини за дезинфекција. Воедно, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат дадени се конкретни насоки на наставниците за поинтензивна работа со учениците на оваа тема, клучна за превенција и зачувуввање на нивното здравје, соопштуваат од Општината.
Исто така, општината наскоро ќе заврши со поставувањето на постерите во основните училишта на кои сликовито ќе бидат прикажани чекорите за одржување на личната хигиената.
Општина Центар и оваа година, како и досега, продолжува со доставувањето на средства за лична хигиена во училиштата кои се под ингеренција на општината.