Обука за жените од етничките заедници во Штип

Од:

Во Штип денеска се реализира обука за над 40 жени од етничките заедници. Обуката е дел од проектот „Таа гради иднина“ во рамки на кој досега жените од етничките заедници стекнале комуникациски вештини, знаење за да изработат бизнис план, а издвоени се и средства за бесплатни курсеви.

Според проект менаџерот Драган Периќ, целта е јакнење на капацитетите на жените за да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

– Во текот на работата забележавме дека голем број жени се заинтересирани за конкретни курсеви. Вкупно 170 жени од пет општини учествуваат на козметички, фризерски и шивачки курсеви. Во Штип се вклучени 38 жени кои учествуваат на курсеви по нивна желба, а на крајот од месецот ќе добијат сертификати. Имаме и шест жени кои учествуваат на професионална пракса кај познати работодавачи, изјави Периќ.

Ваџиде Шерифова моментно минува низ професионална обука во патронажната служба во ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип. Помага при евиденција на децата од ромската заедница кои треба да примаат задолжителните вакцини, а учествува и во посетите на родилките и на новороденчињата.

Проектот е финансиран од ЕУ, а го имплементираат НВО Care и граѓанската иницијатива „Антико“. Според нивните анализи, по 1,5 година работа на проектот една петина од 250 жени се вработиле, а се зголемил и процентот на жените кои од пасивни станале активни баратели на работа.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он