Обука за заштита од хакирање на социјалните мрежи

Од:

Во рамките на кампањата „Сурфај безбедно“ што ја организира Министерството за информатичко општество, под покровителство на претседателот на владата на Македонија, денеска се одржа практична обука за запознавање на можностите и начините за хакирање на социјални мрежи.

Обуката е во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а во соработка со CyberSecurity.mk и МВР и има цел за подобро разбирање на ризиците од страна на опасностите кои ги демнеат младите на инернет.

– Од информацијата што досега се доби при посетите во повеќе основни училишта низ Македонија каде дирекно се раговараше со родителите и децата, може да се види дека тие најмногу се загрижени за тоа како да се справат со ситуација кога нивниот идентитет преку социјалните мрежи е украден и кои чекори понатаму да ги превземат, изјави заменик министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска.

Токму тоа, рече таа, е целта на денешната практична обука на која студентите на ФИНКИ ќе се информираат што значи тоа да биде хакиран нечиј профил на социјална мрежа, како да го препознаат провалникот, и како да се заштитат во иднина и понатака да им ја пренесат пораката на своите блиски за полесно да се соочат со овој проблем.

Деканот на ФИНКИ проф.Димитар Трајанов го истакна своето задовоство за одржување на ваквите обуки и посочи дека информатичките технологии носат многу бенефит но со нив доаѓаат и опасности за кои треба да се знае како луѓето да се справат со последиците од нивното користење.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Иран сè уште e без интернет, не може да се дојде до информации од земјата

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро