А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Обука за промоција на хумани вредности во Крива Паланка

by А1он10/02/2017 - 16:11112
Share0

Стотина млади од основните училишта од Крива Паланка и Ранковце на работилница за дисеминација за значењето на Црвен крст се запознаа со проектот „Промоција на хумани вредности“ кој има за цел да ја поттикне самоиницијативноста кај младите за создавање добри дела за општо добро на заедницата.

Добивај вести на вибер

-Осумнаесет години по ред проектот ПХВ ги запознава младите во Македонија со значењето, целите и задачите на организацијата на Црвен крст, потенцирајќи ја и едукативната компонента со која се пренесуваат истите, но и се прават проекти и настани од хуман карактер за општо добро на заедницата. Во таа насока, учениците денес имаа можност да научат како сами да изготват мали и поголеми проекти со мисија да се помогне и усреќи, изјави Борис Стојановски, национален ПХВ инструктор при Црвен Крст на РМ.

Ваквите обуки на кои се шири мисијата на најголемото хумано семејство во светот придонесуваат голем број од учениците да останат активни волонтери во Црвениот крст и да се вклучат со активните знаење во сите активности со кои проективно дејствувајќи се прават добри дела.

-Целта на програмата е да ги поттикне да креираат знаење и да ги будат своите вештини, станувајќи свесни за сопствените ресурси. Така, тие би направиле активна промена во нивниот живот, подобрување на квалитетот и на нивниот живот и на средината во која живеат, истакна Ивана Маринчек, национален инструктор за промоција на хумани вредности.

Со ова, рече, се постигнува со пренесување активни знаења и промоција на културата како систем од вредности.

-За жал, искуството покажува дека младите на возраст до 14 до 18 години се многу пасивни, со рутинирани активности и многу мал процент општествено полезна работа. Со активностите од ПХВ проектите, во кој се вклучени 30-тина инструктори на територијата на цела држава, се поттикнуваат младинците да ги поместат границите на сопствените можности и да станат свесни за сопствените капацитети, додаде Маринчек.

На годишно ниво, ПХВ програмата која се работи на национално ниво, активира околу 1.200 ладинци годишно, кои создаваат по 200 малечки проекти со кои се опфатени 4.000 лица од ранливи категории од Македонија. Со такви проекти изградени биле и куќа на семејства во социјален ризик од Битола и Дебар.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Предраг Петровиќ29/08/2025 - 17:10

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски27/07/2025 - 12:2527/07/2025 - 12:53

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Горан Наумовски26/07/2025 - 11:45

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

Горан Наумовски09/07/2025 - 20:58

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Горан Наумовски09/07/2025 - 18:23

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Горан Наумовски09/07/2025 - 15:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен