Обука за кочанските ученици за проекти за помош на локалната заедница

Од:

Во Кочани почнаа активностите како дел од проектот „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности”. Волонтерите на Црвен крст денеска ја реализираа првата обука која има за цел да ги обучи учениците како да се подготви, имплементира и документира мал проект за помош на локалната заедница.

– Како и претходната година така и оваа ОО на Црвен Крст Кочани ја имплементира ПХВ програмата. Денеска се одржа првата обука на која што присуствуваат 30 младинци од средните и основните општински училишта. Се запознаа со основите на Црвен крст и за тоа што е всушност ПХВ програмата, рече Билјана Петрова, десиминатор на проектот.

„Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности” е проект кој со години континуирано се имплементира во нашава земја од страна на општинските организации на Црвениот крст. Главната цел е вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.

Мисијата на програмата е промовирање на културата на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество и промовирање на активно знаење и активен однос кон животот, преку принципите и вредностите на Црвениот крст.

После оваа обука младите волонтери се подготвени да ги стават своите новостекнати знаење во пракса. Поддржани од нивните десиминатори, тие почнуваат да ги реализираат своите мали проекти (во просек по 100 мали проекти по циклус) за помош на локалните заедници во кои што живеат. Во текот на наредните две недели ќе се одржат уште две вакви обуки.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип