Обука за дејствување при поплави на тимот за одговор при катастрофи од Крива Паланка

Од:

Петмина членови на тимот за одговор и дејствување при катастрофи од Општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка изминатите три дена учествуваа на меѓународна тренинг-обука за дејствување во случај на природна непогода-поплава, брзи реки.

– Надоврзувајќи се на одличната соработка со ОО на Црвен крст Ќустендил Република Бугарија, членови на тимот за одговор и дејствување при катастрофи од нашата општинска организација учествуваа на меѓународна тренинг-обука за дејствување во случај на природна непогода-поплава, брзи реки. Обуката се одржа во бугарската општина Бобошево, каде заедно со тимовите за одговор и дејствување при катастрофи од Ќустендил и Ниш, нашите волонтери од тимот имаа можност да ги надградат своите вештни и познавања во оваа област и извлекуваа жртви од поплави на лице место, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Тимот од ОО на Црвен крст брои 13 члена, а истито е дел од националниот тим за одговор и дејствување при катастрофи при Црвен Крст на РМ за работа со пречистителни станици и обезбедување чиста и питка вода во случај на полави.

– Во оваа област тимот имаше можност да дејствува при несаканите полави во скопскиот регион лани. Исто така, нашите волонтери зимава ги опслужуваа жителите на Крива Паланка и Ранковце од завеаните подрачја при големите студови и наносите од снег, а најкарактеристичен беше случајот со евакуација на завеаните албански државјани на магистралата А2, при што го активиравме планот за евакуација и сместување, ги сместивме во ученичкиот дом Боро Менков од градот, а по стабилизација, истите беа отпратени до нивната следна дестинација, дополни Пешовски.

Во наредниот период активностите на Кривопаланчани ќе продолжат на меѓународно ниво, со предвидената обука за одговор и дејствување при пожари.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка