Обука за 25 полицајци за обезбедување на ВИП личности

Од:

Дваесет и пет полициски службеници ја завршија обуката од областа на ВИП заштитата реализирана од предавачи од турската полиција организирана од страна на турската владина Агенција за соработка и координација – ТИКА.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска им ги врачи сертификатите на полицајците кои ги учеа вештините за обезбедување на ВИП личности од своите турски колеги. Во центарот за обука во Идризово беше и турскиот амбасадор во Македонија Омур Шолендил.

Јанкулоска посочи дека со турските колеги МВР соработува уште од 2007 година во делот на меѓународната полициска обука која има за цел зацврстување на односите помеѓу безбедносните служби на Македонија и на Турција.

– Овој проект примарно има за цел зацврстување на односите помеѓу безбедносните служби со земјите со кои Република Турција има соработка на безбедносен план, рече министерката.

Проектот, како што посочи, претставува мотив плус за унапредување на соработката меѓу институциите за обука на кадри за безбедноста, односно полициските академии, оформување и имплементација на меѓународните стандарди, во безбедносната и полициската служба и развој на меѓународна координација за сузбивање на криминалот и за регионална безбедност.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа