Обучени 15 негователи на стари лица од Крива Паланка

Од:

Во Крива Паланка успешно заврши обуката за негователи на стари лица кои беа ангажирани и вклучени во извршување на активностите во проектот „Грижа за стари лица“ на општина Крива Паланка.

Овој проект се реализираше во период од шест месеци во 2017 година како дел од програмата за општинско корисна работа, подржана од УНДП, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

– По истекот на проектот како служби од општината аплициравме до УНДП за овозможување средства за обука и сертифицирање на ангажираните лица со проектот кои беа невработени. По одобрување на средствата се спроведе обука од страна на лекар и медицинско лице, траеше три месеци, а беше организирана од страна на Едукативниот Центар за возрасни „Поли проект“ од Штип, информира Елена Христовска, координатор на проектот „Грижа за стари лица“ во општина Крива Паланка.

Посочи дека обуките ги овозможила општината преку проектот.

– Лицата претходно опслужуваа стари и изнемоштени лица од руралните подрачја во општината, а сега по едуакцијата и успешно го положија завршниот испит и ќе добијат соодветни сертификати кои ќе им послужат за идно вработување и ќе им отворат перспективи, бидејќи сите беа невработени лица – активни баратели на работа, додаде Христовска.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски