ОБСЕ/ОДИХР со прелиминарни оценки за изборите ќе излезе утре

Од:

Директорот на ОБСЕ/ОДИХР Јанез Ленарчич, кој беше во набљудувачка посета на избирачките места во ОУ „Живко Брајковски, во Скопје, денеска изјави дека овие локални избори се важни за земјата и за нејзината актуелна политичка ситуација.

 Ова се важни избори. Како што знаете, нашата канцеларија примарно е фокусирана на националните парламентарни и претседателски избори. Овде ние направивме исклучок. Одлучивме да ги набљудуваме локалните избори во оваа земја бидејќи кога испративме мисија за проценка пред неколку месеци Владата, опозицијата, граѓанското општество… силно не охрабрија да ги набљудуваме што е можно што поопсежно. Ова е важен настан за актуелната политичка ситуација во земјата. Одговоривме на барањето. Ова е наш придонес кон политичките процеси во земјата, изјави Ленарчич.

Тој најави дека утре попладне ОБСЕ/ОДИХР ќе објави прелиминарен извештај за денешното гласање и за периодот потоа.

– Ги собираме информациите од сите набљудувачи. Ова е само едно гласачко место кое го посетивме. Околу 200 набљудувачи во целата земја. Ќе ги собереме сите информации од денешниот ден и ноќта, ќе ги анализираме и тогаш ќе излеземе со оценка. Со вас нема да споделиме информации за индивидуалното набљудување кое може да ја наруши сликата. Ние ќе обезбедиме севкупна оценка за утре попладне, изјави директорот на ОБСЕ/ОДИХР.

За два месеци, додаде тој, ќе биде изготвен конечниот извештај, што ќе содржи конкретни препораки за Владата и за другите учесници во изборите, кои ќе треба да се земат предвид за да се унапреди овој процес во земјата.

Изборите ќе ги следат и 204 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР, по 38 од ОБСЕ и амбасадата на САД, 32 набљудувачи на Делегацијата на ЕУ, 17 на Централната изборна комисија на Косово, 16 од Советот на Европа, седум од амбасадата на Франција, по пет од амбасадите на Косово и на Турција, по четири од бугарската, руската, австриската и кинеската амбасада и Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, по тројца набљудувачи од британската, хрватската и албанската амбасада, по двајца од словенечката, украинската, шведската и српската амбасада и еден од амбасадата на Република Словачка во Македонија. Комисијата за избори, жалби и приговори има акредитирано шестмина набљудувачи, а изборната комисија на Словенија четворица.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори