ОБСЕ/ОДИХР: Небалансирани медиуми, заплашување на гласачите

Од:

Заплашување на гласачи, недоволно транспарентно работење на ДИК и небалансирано известување на дел од медиумите, ова се само дел од забелешките нотирани во финалниот извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, а кој се однесува на состојбата пред откажаните предвремени избори на 5 јуни.
Во извештајот стои вели дека иако биле преземени мерки да се спречат заплашувања и притисоци врз гласачите, многумина изразувале страв.“

„Некои од нив тоа го припишуваа на страв од одмазда што постои во државните компании и институции. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР прими кредибилни тврдења за притисоци врз вработените во јавниот сектор да присуствуваат на контра-демонстрации, вклучувајќи закани за отказ. Ова покрена прашања околу правото на гласачите слободно да го дадат својот глас без страв од одмазда“, се вели во извештајот.

ОБСЕ констатира дека кај Државната изборна комисија се забележува намалена транспарентност поради затворените состаноци и работни сесии, како и необјавувањето на дел од одлуките на нејзиниот интернет сајт.
Мониторирањето на медиумите укажа дека МРТ 1 овозможуваa ограничено информирање за политичките настани со забележано мешање на фактите со нивните политички убедувања.

„Приватните телевизии Сител, Канал 5 и Алфа, покажаа унифициран пристап во покривањето на вестите, а Телма и 24 вести обезбедија побалансирано и длабинско покривање на вестите“, забележано е во извештајот на ОБСЕ.

Во нивните препораки се вели дека Државната изборна комисија и МВР треба да продолжат да го прочистуваат избирачкиот список пред да се одржат наредните избори.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР почна со работа на 31 март, а прекина на 1 јуни по одложувањето на изборите на 5 јуни бидејќи само една партија пријавила учество на изборите.

.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада