ОБСЕ/ОДИХР го објави периодичниот извештај за претседателските избори

Од:

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го објави периодичниот извешрај за претседателските избори.

Во извештајот е опфатен периодот од 11 март до 2 април и се содржани согледувањата на ОБСЕ/ОДИХР за дисегашниот тек од изборната кампања.

– Пред кандидатите официјално да се регистрираат на 21 март, тие беа вклучени во активности на кампања, како одржување на средби со граѓаните, од помал размер, ширум земјата и давање интервјуа за медиумите. Како што предвидува законот, кандидатите го прекинаа водењето кампања по својата формална регистрација, иако политичките партии продолжија да ги презентираат нивните програми, да ги критикуваат нивните ривали и да ги поддржуваат претседателските кандидати зад кои застанаа, се наведува во извештајот.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР забележува дека генерално, жените се недоволно застапени во јавниот живот, но дека женските права и родовата еднаквост сѐ уште не се пројавија како истакнати прашања во кампањата. Се писочува и дека Горданс Силјановска Давкова се соочила со негативни родови стереотипи на социјалните медиуми, на пример коментари за нејзиниот изглед.

Во извештајот се дадени и препораки во однос на ограничувањата на правото да се биде избиран, ускратувањето на избирачките права врз основа на одземената деловна способност, за периодичните извештаи за финансирање на кампањата и законските ограничувања во врска со својството на подносител на приговори.

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги покрива претстојните претседателски избори со вкупно 279 набљудувачи.

Набљудувачката мисија ја сочинува главен тим од 11 експерти со седиште во Скопје и 18 долгорочни набљудувачи кои од 20 март ќе бидат распоредени во девет тима низ целата држава.

ОДИХР дополнително ќе побара од земјите членки на ОБСЕ да обезбедат 250 краткорочни набљудувачи кои ќе дојдат неколку дена пред изборите.

Линк од извештајот на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа

ОДИХР: Набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите, не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси

Обвинителство: Денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

Горан Наумовски