ОБСЕ ја поздрави декриминализацијата на клеветата во Македонија

Од:

Поздравена одлуката  за декриминализирање на клеветата од страна на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ.

„Како прв чекор во напорите за зајакнување на слободата на медиумите, Собранието на 12 ноември го усвои новиот закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета и ги отстрани санкциите за вакви дела од Кривичниот законик. Ова е храбар и многу потребен чекор од страна на властите да започнат да создаваат побезбедна и послободна работна средина за новинарите и медиумите, особено имајќи го предвид големиот број кривични случаи за клевета кои се во моментов во процедура пред судовите. На новинарите мора да им биде овозможено да ги извршуваат своите работни задачи и да дебатираат за прашања од јавен интерес без да имаат страв од кривична санкција или граѓанска отштета без потреба“, рече Мијатовиќ.

Македонија, како што вели Мијатовиќ има преземено позитивни чекори, но оти треба да се направи уште за да се создаде вистински слободна средина за медиумите.

Во иднина се очекува фокусот да биде насочен на решавање на другите предизвици за слободата на медиумите, како што се медиумскиот плурализам, независноста на јавниот радиодифузен сервис и медиумскиот регулатор, како и за транспарентноста на медиумската сопственост.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ