Образованието рано го напуштаат 8,5 отсто од лицата меѓу 18 и 24 години

Од:

Низок степен на образование во Македонија имаат 17,7 проценти од лицата на возраст меѓу 25 и 34 години, а 8,5 отсто од лицата од 18 до 24 години рано го напуштаат образованието, објави Државниот завод за статистика по повод 24 Јануари – Меѓународен ден на образованието.

Во формалното образование и во образованието надвор од редовниот образовен систем учествува 10,7 проценти од работоспособното население. Дваесет и пет часа по лице се поминати во образовни активности надвор од редовниот образовен процес.

Во процесот на образованието се опфатени 800 машки и 414 женски деца со попреченост. Од нив 218 посетуваат редовни училишта, а 996 се во специјални училишта.

Според податоците на УНЕСКО, 750 милиони млади и возрасни не знаат да читаат и да пишуваат, еден од пет адолесценти во светот го напуштил средното образование, 262 милиона деца и млади во моментот не одат во училиште, а едно од 11 деца не оди во основно училиште.

Би можело да ве интересира

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година