ВИДЕО: Образование ги затвори вратите пред студентите

Од:

Министерството за образование и наука ги затвори вратите за студентите и не ги пушта на јавната расправа за државниот испит. Кога тие пристигнаа пред Министерствот, вратата беше заклучена и студентите не ги пуштаат со изговор дека чекаат одговор „одгоре“.

Јавната расправа за државниот испит, беше најавена за денеска во 14 часот на Педагошкиот факултет, но откако таму се појавија претставници на Студентскиот пленум, експресно беше преместена во Министерството, каде што во моментов студентите не можат да влезат.

И новинарите не присуствувват на дебата за државниот испит, туку им беше дозволено да снимат само инсерти, со образложение дека се работи за консултации со Педагошкиот факултет, иако државната агенција МИА денеска објави дека
министерот Адеми ќе присуствува во Педагошкиот факултет во 14 часот на дебата за предлог законите.

mia

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар