Образование без пречки – проект на Центар и УНДП

Од:

„Општина Центар, во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување, започнува проект „Образование без пречки“ во основните општински училишта. Општината потпиша меморандум за реализација на проектот со кој ќе бидат обезбедени 15 лични асистенти за помош на децата со попреченост во развојот.

Ангажираните лица се невработени, а на учениците во текот на целата работна недела, по 4 часа во текот на денот, ќе им пружаат помош при движење низ училиштата, помош при користење на дидактички материјал во текот на наставата и при извшрување на училишните обврски, како и олеснување на комуникацијата на учениците со наставниците.

Со реализација на проектот се очекува 15 ученици, кои има наод од лекар и согласност од родителите, да остварат подобар успех при совладување на наставниот материјал, да им биде олеснет процесот на интеграција и да се зголеми свесноста кај останатите ученици за потребите на децата со попречености.

Асистентите ќе примаат месечен надоместок од 6.200 денари, а проектот започнува на 1-ви октомври и ќе трае до 10-ти јуни, односно до крајот на учебната година.

За асистентите ќе биде организирана неколкудневна обука за запознавање со детето, училиштето, наставниот кадар и опкружувањето“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории