„Обој го светот портокалово, стави точка“ – кампања за борба против родово насилство

Од:

По повод 25 ноември – Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија ќе спроведат 16-дневна кампања чија цел е запирање на кршењето на правата на жените.

Се проценува дека најмалку една од три жени или девојки во светот е жртва на насилство.
Кампањата насловена „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“, ќе се спроведе на глобално ниво од утре до 10 декември, кога се одбележува Меѓународниот ден на човековите права.

Предвидени се низа активности, кои вклучуваат осветлување во портокалово на Камениот мост во следните 16 дена, формирање на „портокалова панделка“ од лица од различна возраст облечени во портокалово во знак на поддршка на кампањата, како и повеќе дебати низ земјата со учество на студенти.

– Портокаловата боја е одбрана како симбол на светла иднина без насилство врз жените, велат организаторите.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната