Обновено детското катче во градскиот парк во Гостивар

Од:

Детското катче во големиот градски парк во Гостивар, повторно е ставено во функција, информираат од локалната самоуправа.

Оштетените реквизити се поправени, а дел заменети со нови, посипан е нов песок, поставени се рабници и ограда. Од оваа сезона детското игралиште ќе биде осветлено, за што е инсталирано и соодветно осветлување.

– Со рекоснтрукцијата и поправки, го ставивме ова катче на располагање на децата. Со поставеното осветлување ќе може да се користи и во вечерните часови, вели Аслиан Снопче раководителката на Одделението за јавни дејности при Општина Гостивар,

Таа апелира до сите граѓани на совесно користење, да се грижат за ова катче и да ги пријават сите оние кои ги оштетуваат реквизитите.

Од локалната самоуправа нагласуваат дека во наредниов предиод ќе се интервенира и во другите детски катчиња и на површините кои се користат за одмор и рекреација, што е дел од програмата за работа на канцеларијата за локален економски развој и имплементација на проекти.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он