Обновена фасадата на Државното музичко училиште во Битола

Од:

 Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети општина Битола, каде се реализираат бројни проекти, меѓу кои и обновата на фасадата на Државното музичко училиште. 

Обнoвaтa нa фaсaдaтa нa училиштето е вo рaмки нa прoектoт зa oбнoвa нa стaрите грaдски јaдрa. 

Канческа-Милевска информира дека за обнова на фасадата на Државното музичко училиште во Битола, Министерството за култура вложи 3,3 милиони денари. Во овој период, како што рече, се конзервираат и реставрираат фасадите на гимназијата „Јосип Броз Тито“ и битолскиот Безистен. 

– Објектот на Државното музичко училиште во Битола, изграден во периодот на Отоманската империја во 1907 година, е заштитен споменик на културата. Прекрасната фасада е целосно завршена и вратен е автентичниот лик и сјај на објектот. Министерството за култура ќе продолжи со обнова на фасади на објекти низ државата бидејќи тоа е долгорочен проект на Владата. Во Битола в година ќе се реконстрираат неколку нови фасади, меѓу кои и спомен-куќите на Гоце Делчев и Стив Наумов, посочи Канческа-Милевска.

Конзервацијата и реставрацијата на фасадата на Државното музичко училиште во Битола ја извршија екипи на Заводот и музеј-Битола и стручни лица од италијанската компанија „Мапеј“, кои првпат во Македонија користеле традиционални материјали, односно варов малтер.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски